Живот и Стил

Печени пиперки со лукче – рецепт кој секоја домаќинка треба да го знае

Печени пиперки со лукче – рецепт кој секоја домаќинка треба да го знае

Старите домаќинки веќе знаат да подготват пиперки со лук, па затоа ова повеќе е упатство за помладите жени.

Состојки

– Свежи пиперки
– Магдонос
– Лук
– Сол, масло и оцет

Подготовка:

Пиперките добро измијте ги и печете ги во рерна на 200 степени, 25-30мин. Потоа излупете ги. Исецкајте ги ситно лукчето и магдоносот. Измешајте ги со исчистените пиперки. Зачинете по вкус.

извор:кармин/точка.ком.мк

To top