Има ли нешто подобро од рецепти кои брзо се подготвуваат и ве соборуваат со вкус и мирис! Сигурни сме дека обожавате вакви специјалитети, особено кога состојките се едноставни и достапни.
Познатиот готвач Џејми Оливер смислил токму таков рецепт, па кога брзате со ручек и имате само околу 15 минути да го донесете оброкот на маса, тестенините со лимон и тиквички нека ви бидат адут во ракавот!
Потребни состојки:
150 грама тестенини
2 тиквички
15 грама свежо нане
30 грама пармезан
еден лимон
сол, масло од пиперка
Подготовка:
Сварете ги тестенините на вообичаен начин, а потоа процедете ги и зачувајте ја водата од варење. Тиквичките исечкајте ги на кришки по должина, а потоа исечете ги на тенки ленти. Листовите нане ситно исечкајте ги. Во тава загрејте малку маслиново масло, па додајте ги тиквичките. Варете 4 минути со повремено мешање. Додадете ситно сечкано нане. Исцедените тестенини додајте ги во садот со тиквичките заедно со малку вода што останала од варењето. Додадете ситно рендан пармезан и рендана кора од лимон, а потоа исцедете го сокот од еден лимон. Добро промешајте и зачинете со бибер и морска сол по желба.
Пред сервирање, посипете ги тестенините со уште малку пармезан и маслиново масло.
извор:курир.мк