Кожните капути се модно парче кое што никогаш не излегува од мода, а славните трендсетерки се потрудиле и оваа сезона да ги искористат како што треба.
Доколку сте се прашувале какви капути ќе се носат оваа зима, одговорот е едноставен.
Разновидни кроеви, модели, материјали, нијанси, но тоа што дефинитивно е вистински избор за вас е – кожниот капут.
Познатите дами, очекувано, ги следат трендовите на модата, а бидејќи веќе почна студеното време, не е ниту чудно тоа што главниот адут кога станува збор за стајлингот се токму тие капути.
Кожните капути и мантили секогаш се добра опција, а делува дека најмногу и најчесто се носат – црните.
Меѓутоа, и кафеавите, жолтите , црвените капути се подеднакво во тренд.
Некои од трендсетерките избрале да носат кожен капут, меѓу нив се: Џенифер Лопез, Ким Кардашијан, Бела Хадид, Кендал Џенер, Емили Ратајковски.
извор:точка.ком.мк