Живот и Стил

Парацетамолот го зголемува ризикот од аутизам во бременоста?!

Парацетамолот го зголемува ризикот од аутизам во бременоста?!

Весникот “Дејли мејл” објави дека една нова студија покажала дека мајките кои пијат парацетамол во текот на бременоста ги изложуваат своите неродени деца на ризик од аутизам и дефицит на внимание и нарушувања на хиперактивноста (АДХД).

Докторот Илан Маток од универзитетот во Ерусалим објасни дека продолжената употреба на ацетаминофен и парацетамол може да го зголеми ризикот од аутизам за 20 проценти.

Кога станува збор за АДХД, шансите за развој на ова нарушување се 30 отсто, пишува британскиот весник.

Парацетамол, активна состојка во многу лекови без рецепт, е првата „помош“ за бремени жени кои сакаат да ја ублажат болката или температурата.

Досега, парацетамолот е поврзан со намален коефициент на рак на дојка кај жените што го земале за време на бременоста и, наводно, ги зголемува шансите дека детето подоцна има проблеми во комуникацијата.

To top