Панталоните со висок струк на голема врата се вратија повторно во мода и се омилено парче облека на девојките за секоја пригода, било тоа да е спортска варијанта или пак некоја елегантна варијанта.
Доколку ги украсите со впечатлив ремен во иста боја, тие се совршен избор за класична дневна комбинација искомбинирана со патики и бела маица, но тие се подеднакво ефикасен избор за вечерни варијанти, салонки и некоја необична кошула.
Панталоните се генерално моден класик, кој секоја жена треба да го поседува, а тие со висок струк ја истакнуваат фигурата на најдобар начин.
Кога станува збор за популарните модели, можете да избирате помеѓу оние со популарниот дезен на риги или панталони со нежни бои, за свечени пригоди.