Радио Милева страв и неизвесност...

Паника во „Бекстејџ“ и ЛДП – Миро Кацаров последен му правеше интервју на Петре Шилигов: „Ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли тест дали си болен или не од корона?“ (ФОТО)

Паника во „Бекстејџ“ и ЛДП – Миро Кацаров последен му правеше интервју на Петре Шилигов: „Ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли тест дали си болен или не од корона?“ (ФОТО)

Минатата недела градоначелникот на Скопје, Петере Шилегов објави дека е позитивен на коронавирусоти се повлече во 14 дневна изолација. Разбирливо, сите што биле со контакт со него и околу него, беа доведени во опасност да им ја пренесол заразата, а последното интервју Шилегов го даде за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ каде разговараше со водителот Миро Кацаров! Едниот со спуштена заштитна маска под брадата, другиот и без маска!

Во исто време, Миро е и портпарол на Либерално – демократската партија на Македонија, па, по сознанието дека скоскиот градоначалник е позитивен на Ковид 19, ете ти паника и во продукцијата и во партијата и во „Бекстејџ“ и во ЛДП!

Во меѓувреме, Кацаров се повлече во самоизолација, ама отиде и самиот да направи корона тест во најпознатата скопска приватна клиника. Резултатите нормално, не ги добивате веднаш, па затоа и Миро и сите во продукцијата и редакцијата на „Бекстејџ“ кои потоа биле со него во контакт, како и оние од партијата чиј гласноговорник е, стрепеа, со страв исчекувајќи го резултатот од тестирањето.

И конечно, завчеравечер резултатите стигнале, а вчера, среда 24 јуни 2020 г. напладне, резултатот од коронатестот на Миро Кацаров и јавно го обзнани, а уредничката на естрадниот ТВ магазин „од зад сцената“ Ева Јакимовска,  го сподели на социјалните мрежи.

„Во доставениот примерок НЕ Е ДЕТЕКТИРАНА специфична секвенца за присуство на Корона СоV-2“ – пипшува во медицинскиот наод кој и самиот водител јавно го сподели на својот Фејсбук профил, заедно со соопштението за својата приказна, за тоа како изгледа да минуваш низ голгота чекајќи да дознаеш дали си или не си позитиван на корона!?

„Другари и другарки,минатата недела моето последно интервју во Бекстејџ беше со градоначалникот Петре Шилегов. Откако јавно соопшти во саботата градоначалникот дека е позитивен на вирусот Ковид-19, самоволно и самоиницијативно се повлеков во самоизолација која е една од најдобрите мерки за заштита на популацијата од дополнителни ширење на коронавирусот. Со тоа ги заштитив првенствено моите родители, роднини,другари и пријатели и сите кои можеа наредните денови да бидат во мое друштво и присуство. Уште истиот ден се консултирав со мојот пријател и еден од најдобрите доктори,професорот Никола Пановски кој ми даде одлични совети како да постапам и кога да се тестирам.  Анализата за мене покажа дека осмиот ден од контактот со градоначалникот би бил најпогоден за тест и да биде релевантен истиот, па тоа и го напраив, бев и се тестирав, притоа без никакви симтоми.
Вчера вечер ми стигнаа резултатите кои и јавно ќе ги соопштам дека сум НЕГАТИВЕН на вирусот Ковид-19.

Се извинувам на сите кои беа во мое опкружување до пред информацијата да ја објави јавно градоначанилникот и беа малку уплашени, но ете вирусот за среќа не е пренесен на никој. Со ова уште еднаш се докажува дека ова зло е меѓу нас и се повеќе ќе имаме контакт со луѓе кои го имаат или го прележале.

На никој не му посакувам дома да седи и да чека резултати дали има коронавирус или не, чуството е грозно, мозокот ти мисли на све и сешто, на тв и на ФБ само за тоа се збори, а ти си немоќен во затворен простор. Или по сликовито, ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли ова е тест дали си болен или не од корона?“ – напишал меѓудругото покрај споделените резултати од коронатестот Миро.

И продукцијата и колегите од редакцијата, а и оние од партијата можат да здивнат. Нивниот колега водител кај едните и портпарол кај другите, сепак, за негова и нивна среќа – е здрав! Сега „шоуто може да продолжи“… И естрадното, а и она изборното.

 

To top