Актерката Памела Андерсон се разведе од својот сопруг, телохранителот Ден Хејхерст.
Имено, парот се венчаше на Бадник 2020 година, а бракот им траеше една година.
Американските медиуми пишуваат дека избледела љубовната искра и дека не се согласувале откако избразале за брак.
За потсетување, романсата на Андерсон и Хејхерст беше потврдена во септември 2020 година и живееја во нејзиниот дом во Ванкувер каде што и се венчаа.
Ниту едно семејство, ни пријателите не присуствуваа на нивната свадбена церемонија.
Актерката не се огласи по повод овие пишувања.
фото: профимедиа