Состојки
2 јајца
2 чаши универзално брашно
1 чаша пире од тиква
3 големи лажици путер
4 големи лажици шеќер
2 прстофат сол
1 чаша млеко
2 мали лажички прашок за пециво
Подготовка
Растопете го путерот. Изматете ги јајцата во сад, додадете шеќер, сол, путер и пирето од тиква. Изматете ја смесата со миксер. Измешајте брашно со прашок за пециво и додадете млеко. Ако смесата е премногу тенка или густа, по потреба можете да додадете уште малку брашно или млеко. Останува само да ја изматите смесата и да ги испечете палачинките во тавче.
Пријатно!
Извор: Попара