Сите сакаме здрави оброци кои се истовремено вкусни. Сепак, ако е слатко и не дебелее, тоа е полн погодок! Вистинскиот избор за здрав и хранлив оброк е дефинитивно смути. Најдоброто од правењето смути е што можете да комбинирате различни вкусови на овошје и зеленчук и да добиете оброк полн со антиоксиданти и витамини.
Еве неколку предлози за здрав појадок во форма на смути:
Смути со протеини
Во блендер изматете една банана, половина чаша јогурт со вкус на ванила, половина чаша овесна каша, половина чаша јагоди, две лажички мед и чаша млеко со малку маснотии.
Енергетски смути
Во блендер ставете две банани, половина чаша млеко со малку маснотии, шолја ладно црно кафе, две лажички мед и коцка мраз.
Смути со овошје-какао
Во блендер измешајте две чаши замрзнати малини, една замрзната банана, половина чаша грчки јогурт, една четвртина чаша обезмастено млеко и две лажици незасладен какао во прав.
Или пробајте здрави палачинки без глутен:
- 200 гр брашно од хељда
- 40гр путер
- 1 лажица шеќер
- 2 јајца
- 1,5 лажици прашок за пециво
- 200мл млеко
- малку сол
- малку кокосово масло
Подготовка:
Се топи путерот и се остава кратко да се олади. Одделете ги јајцата и изматете ги белките, додавајќи шеќер додека сè не се соедини. Изматете ги жолчките со малку сол околу две минути, а потоа додадете го стопениот путер, а потоа и млекото.
Измешајте брашно од хељда и прашок за пециво, а потоа додадете во смесата со жолчките и промешајте. На крај, нежно додајте ги белките во смесата. Во загреаната тава додадете кокосово масло и печете ги палачинките на неа по неколку минути од секоја страна додека не добијат златна боја.
Здрави палачинки со јаболка
- 2 поголеми јаболка
- 1 поголемо јајце
- 6 лажици брашно без глутен
- лажица путер
Подготовка:
Измијте ги, исчистете ги и изрендајте ги јаболките, изматете го јајцето, па додадете во јаболката. Полека додавајте го брашното, лажица по лажица, цело време мешајќи за убаво да се измеша смесата. Ако сметате дека смесата е премногу ретка, додадете малку повеќе брашно.
Загрејте го путерот во тава, па ставете лажица од смесата со јаболката и печете од секоја страна три или четири минути, додека палачинките не добијат златно.
извор: курир.мк