Живот и Стил

Овој тип на диета ќе ви помогне да го подобрите квалитетот на сонот

Овој тип на диета ќе ви помогне да го подобрите квалитетот на сонот

Ако сакате да пробате нов начин за подобрување на квалитетот на спиењето, време е да почнете да се храните на медитерански начин.

Една студија неодамна објавена на „Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics“ ги анализирала претходните истражувања објавени помеѓу 1975-та и 2021-ва година. Целта била да се утврди кој тип на диета најдобро помага за да се подобри квалитетот на сонот.

Истражувачите истакнуваат дека медитеранската исхрана е убедливо подобра од останатите.

„Оние кои јадат повеќе зеленчук, јаткасти плодови, маслиново масло, риба и други морски плодови, имаат подобар сон. Исто така, важно е да се ограничи внесувањето на кофеин“, вели авторката на студијата Кетрин Вилсон.

Мајкл А. Гранднер, кој исто така учествувал во студијата, рекол дека повеќето луѓе навистина не сфаќаат дека податоците сугерираат дека помалку се работи за одредена храна, а повеќе за општата шема на исхрана.

„Исхраната со најголем број калории во телото во текот на средината на денот е најкорисна за спиење“, вели тој.

Инаку, американската медиумска група „News & World Report“ на медитеранската диета ѝ доделила златен медал за најдобра диета во 2022-ра година.

Ова е петта година по ред како овој тип на диета е на тронот.

извор: кармин.точка.мк

To top