Ксенија Пајчин трагично почина во 2010 година, а малкумина знаат дека покојната пејачка била братучедка на познатиот српски фолкер. Познато е дека Ксенија имаше помлада сестра Миа Пајчин, за која се вели дека е слика и прилика и по ли и по имиџ на убавата пејачка, но она што јавноста не го знае е дека братиучед на Ксенија е краинскиот пејач Мирко Пајчин, попознат како Баја Мали Книнџа.
По смртта на Пајчин, Баја сакал да ја сними песната „Спиј кралице“, која и ја посветил, но, како што еднаш рекол, му било премногу тешко да ја сними.
„Некаде песната е снимена во живо. Малку ми е потешко да пеам за нешто што ме боли. Бегам од тоа и го чувам внатре во себе. Јас и тогаш не сакав некој тоа да го сними и објави. Мое е, на Пајчин е, наше. Не можам да го направам тоа, за тоа ми треба храброст. Емотивен сум и тоа го доживувам поинаку“ – изјави еднаш Баја во една емисија.
Да потсетиме, пејачката Ксенија Пајчин почина на 16 март 2010 година. Таа беше убиена од нејзиното тогашно момче, манекенот Филип Каписода, кој пукајќи во неа, а потоа си го одзеде и самиот животот.
Пукањето се случило во станот во кој живееле заедно, а пејачката засекогаш ќе остане запаметена по нејзината харизма и хитови.
Фото: Инстаграм принтскрин/bajamaliknindza_official/ksenija_pajcin