Ако сте љубител на кафе, тогаш не се откажувате од омилениот пијалок дури и во лето, па ако барате малку поинакви варијанти, ќе бидете воодушевени од оваа идеја, која ја вклучува вкусната Нутела.
Кафето е добредојдено во која било форма, а во лето, ладното кафе е меѓу најпопуларните варијанти.
View this post on Instagram
Но, што е со вкусната и разладувачка варијанта со Нутела?
Потребни се само неколку минути за да го подготвите овој вкусен пијалок и ќе ве освежи за еден момент.
Еве како можете да го подготвите:
Состојки:
- 3 чаши ладно млеко (1 чаша околу 250 мл)
- 2 чаши мраз
- 2 лажици Нутела
- 2 лажици инстант кафе
- 3 лажици шеќер (или повеќе во зависност од вкусот)
- сладолед, шлаг
- 1-2 лажички чоколадни трошки
Подготовка:
Ставете го млекото, нутелата, кафето, шеќерот и мразот во сад и убаво изматете ги со рачен миксер (или ставете во блендер) така што мразот ќе се распадне и смесата стане пенлива. Ставете топка сладолед од ванила или чоколадо во висока чаша и потоа прелијте ја со ладено кафе. Украсете со малку шлаг и чоколадни трошки по желба. И уживајте!