Вистаграм

Овој остров го нарекуваат „Mamma Mia“: Најубавите плажи кои треба да ги посетите таму

Овој остров го нарекуваат „Mamma Mia“: Најубавите плажи кои треба да ги посетите таму

Популарниот филм „Mamma Mia“ бил снимен токму на Скопелос. Кои плажи треба да ги посетите на овој грчки остров, прочитајте во продолжение..

Плажите на островот се магична комбинација на песок и борова шума, како и кристално чиста вода, пренесува „Greekcitytimes“.

Милиа е најимпресивна и најпозната плажа на овој остров, а ја носи титулата „најдолга плажа“.

Оваа плажа е секогаш преполна со туристи, па паркингот вообичаено не е доволен за сите оние кои сакаат таму да одат и да се сончаат на песокот. Жителите сакаат да кажат дека туристите оваа плажа ја нарекуваат Кариби.

Кастани

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Σκόπελος (@skopelos_greece)

Плажата Кастани се наоѓа малку посеверно на островот и опкружена е со борова шума. Оваа плажа стекнала меѓународна репутација благодарение на филмот „Mamma mia“ и оттогаш се претворила во посебна туристичка локација.

Ховоло

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Σκόπελος (@skopelos_greece)

Плажата Ховоло е една од најскриените на овој грчки остров, па е идеална за туристите кои не сакаат метеж.

Панормос

Големата плажа Панормос се наоѓа на патот за плажата Милиа, а некои од најдобрите ресторани и таверни на островот се наоѓаат непосредно зад оваа плажа.

Веланио

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velanio beach (@velanio.skopelos)

Веланио е единствената плажа која официјално е означена за нудистите, без оглед на тоа што има уште многу плажи на кои летуваат нудисти на Скопелос.

Периволи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavel (@pavel_145296)

Во североисточниот дел на островот, најпопуларната плажа е – Периволи.

Керамото

Исто така во околината се наоѓа малата, а исклучително убава плажа Керамото со кристално чиста вода која е сместена меѓу импресивните карпи.

извор:точка.ком.мк

To top