Јарците се на глас како студени, дистанцирани и внимателни луѓе чија доверба е тешко да се стекне. Во почетокот на познанството, тие се резервирани и воздржани, но кога ќе се почувствуваат дека некој не го заслужува нивното внимание се опуштаат и дозволуваат на површина да испливаат нивната топлина, шарм и смисла за хумор.
Жена Јарец
Жената Јарец на прв поглед е студена и недостапна и предизвикува стравопочит кај спротивниот пол. На неа и пристапуваат само успешни мажи кои не се плашат од одбивање. Нејзината студена убавина и пригушен сексипил во комбинација со витката линија и добро обликувани нозе се особено привлечни за мажите, но таа своите додворувачи на почетокот ги држи на растојание. Секогаш е внимателна, бидејќи не сака да биде повредена и затоа се однесува студено и незаинтересирано. Не е лесно да го освоите нејзиното внимание, бидејќи е пребирлива и ја привлекуваат мажи кои се силни и успешни. Таа партнерите често ги избира на основа на разумот, бидејќи сака да ги има нештата под контрола и не сака кога со неа управуваат чувствата.
Но, кога ќе дозволи некој маж да и се приближи, тој е изненаден бидејќи таа наизглед е цврста и силна, а всушност нежна и чувствитлна душа која копнее за љубов и внимание. На почетокот на врската, воопшто не е лесно да се допре до неа, бидејќи ќе имате чувство дека ништо не и значи, но таа од стравот од одбивање всушност се плаши да ги покаже своите емоции.
Мажот Јарец
Иако наизглед е многу студен и воздржан, мажот Јарец остварува големи успеси кај жените. Ним им се допаѓа неговата амбициозност, истрајност и силното чувство на одговорност. Јарецот во својата младост станува несигурен и се плаши од одбивање, па му е лесно да ги освојува жените за кои нема подлабоки чувства. Овој маж во животот има многу кратки врски, но кога ќе запознае жена која ја препознава како потенцијална партнерка со која би можел да започне семејство, подотвен е да ја преземе одговорноста и да се врзе.
Кога ќе основа свое семејство, нему најголем приоритет му се децата и сопругата и подготвен е да направи многу нешта за да осигура удобен живот. Не е посебно романтичен, па затоа партнерките од него не можат да очекуваат силни изливи на љубов или грандиозни гестови. Својата наклонетост ја покажува со мали знаци на внимание и предаденост.