Радио Милева

Овој детаљ речиси никој не го знае: Лепа Брена пред да стане позната работела како бибиситерка

Овој детаљ речиси никој не го знае: Лепа Брена пред да стане позната работела како бибиситерка

Лепа Брена во 1979 година се преселила во Белград каде што се запишала на Природно – математичкиот факултет.

Меѓутоа, нејзиното семејство живеело само од плата на нејзиниот татко кој работел како медицински техничар. Тоа било лошо време за студентите во Белград, па Брена морала да се вработи.

Таа се пријавила на оглас за чување на бебиња во семејството Штајдохар, кај младиот брачен пар Цвета и Томислав.

На нив им била потребна дадилка за новородената Ана која тогаш имала само неколку месеци. Брена живеела во мал стан на Ташмајдан кој и го плаќал семејството Штајдохар и таму поминала неколку месеци.

фото: инстаграм

Брена за овој детаљ не разговараше во јавност, но за тоа зборуваше Ана која денес е позната пејачка и член на некогашната група „Тап 011“.

„Не сеќавам на тој период бидејќи бев бебе. Она што го знам е тоа што го слушнав од родителите. Тогаш Лепа Брена беше само Фахрета Јахиќ, седеше во стан кој го издаваа моите родители. Таа ми беше бебиситерка и ме чуваше кога немаше кој. Набргу нејзината кариера почна да оди напред и од тој период остана само една мала анегодата. Исто така, може да се каже дека Брена на некој начин ми преодреди за музика“ вели Ана.

фото: драган кадиќ

Лепа Брена набргу сфатила дека не може да остане во голем град со толку мали финасии, па се вратила во Брчко. Но, таа има големи амбиции да стане пејачка. Со локалниот бенд тогаш започнала да настапува се додека во една прилика во Брчко не пристигнал бендот „Лира шоу“ односно подоцна „Слатки грех“ кој барал пејачка, а Брена се пријавила.

To top