Коронавирусот стави пауза на снимањата на кулинарското шоу „Брза кујна“, но не стави пауза на приватните случува на познатите.
Шеф Никола и неговата сопруга Стефанија деновиве имаа убав повод за славење.
Имено, нивната ќерка Дариа наполни една година, а на истиот ден тие ја крстија својата наследничка.
Така, парот спои убаво и корисно, па во ист ден прославија крштевка и прв роденден.
По тој повод, Никола и Стефанија направија фотосесија за својата миленичка, а истата мама Стефанија ја објави на социјалните мрежи.
„Биди секогаш насмеана и среќна ѕвездо мала. Една година заедно, но безброј моменти за радување. Твојот 1ви роденден и крштевка секогаш ќе останат дел од нашиот споменар“, пишува сопругата на Никола во описот на објавата.
Инаку, познатиот готвач од првиот брак има син.
Потсетуваме, минатата година во јули се случи и свадбата на шеф Никола, па тој официјално стана женет човек и заплива во брачните води со Стефанија.