Живот и Стил

Овие знаци покажуваат дека вашето дете е жртва на насилство – препознајте ги и реагирајте!

Овие знаци покажуваат дека вашето дете е жртва на насилство – препознајте ги и реагирајте!

Дали знаевте дека повеќе од четвртина од децата поминуваат низ некаков облик на насилство од врсници во одреден период од нивниот живот? Најголем проблем е тоа што родителите не го забележуваат тоа поради работните и другите обврски.

Како најдобар начин секогаш да знаете што се случува со вашето дете, психолозите препорачуваат отворена и искрена врска полна со разбирање и доверба, која се гради уште од најраното детство, за да може детето да ви се довери кога има некаков проблем.

Кога станува збор за малтретирањето на училиште, тоа е обично психичко насилство, па последиците се и од психолошка природа.

Внимавајте на следните 7 знаци:

1. Детето повеќе не е среќно како порано. Незадоволството е клучен знак за депресија. Ако вашето дете ја губи желбата за храна, забава и хоби што некогаш ги сакал, посветете внимание. Кажете му на детето дека сте забележале дека нешто не е во ред и дека може слободно да ви се довери. Објаснете му дека и малку тага е составен дел од животот и дајте му до знаење дека секогаш сте тука за него.

2. Престанува да ги користи социјалните мрежи. Денешните деца ги сакаат социјалните мрежи, па ако детето порано ги користело постојано, а сега не сака, тоа може да биде знак дека страда од малтретирање на Интернет. Обрнете внимание и на тоа дали детето е луто, фрустрирано или нервозно додека користи мобилен телефон или лаптоп.

3. Постојано се жали на главоболка и болки во стомакот. Стресот поради малтретирањето кај децата може да предизвика и физичка болка, која најчесто се јавува во стомакот или главата, велат експертите. Забележете што се случува – некои деца измислуваат болка и болести за да останат дома и да избегнат малтретирање на училиште.

4. Кавги со пријателите. Големите промени во општествениот живот на детето се сосема нормални. Меѓутоа, ако одеднаш престане да се дружи со некој од неговите стари пријатели, запрашајте се што се случува и дали има поголем проблем од вообичаените детски и тинејџерски конфликти.

5. Не сака да оди на училиште или на тренинг. Ако вашето дете одеднаш се откажало од клучните активности или почнало да го пропушта училиштето или часовите по спорт што ги сакал, тоа може да биде знак за злоупотреба.

6. Разнишана самодоверба. Силеџиството кај децата може многу да го намали нивото на самодоверба, а може да биде и причина за насилство од врсници. Затоа е многу важно детето навреме да ја изгради самодовербата, за подоцна да не се случи да преживее насилство, а поради недостаток на самопочит да мисли дека тоа го заслужило.

7. Самомалтретирање! Можеби ви звучи контрадикторно, но многу жртви на насилство почнуваат да ги малтретираат другите. Тоа е одбранбен механизам на дете кое сè уште не знае да разликува добро од погрешно, не се чувствува добро за тоа што го прави, но несвесно сака да изгради слика од себе за личност која е силна и насилна, така што другите ќе го остават на мира.

Извор: Курир.мк