Живот и Стил

Овие знаци ви ги праќа телото еден месец пред срцев удар!

Овие знаци ви ги праќа телото еден месец пред срцев удар!

Срцевиот удар најчесто се најавува еден месец пред да настапи, а некои симптоми можете да ги воочите и шест месеци претходно.

Замор. Невообичаениот замор е еден од главните симптоми што укажуваат на можниот срцев удар. Кај жените почесто се јавува овој симптом отколку кај мажите.

Опис: Физичката или ментална активност не е причина за вашиот замор кој се зголемува до крајот на денот. Овој симптом е мошне јасен и не може да помине незабележан. Понекогаш е многу исцрпувачки да се завршат едноставните задачи, како што е местењето на креветот или туширањето.

Болка во стомакот. Болките во стомакот, мачнината во желудникот и чувството на подуеност се некои од најчестите симптоми. Подеднакво често се јавуваат и кај жените и кај мажите.

Опис: Болките во стомакот пред срцев удар се со епизодна природа, исчезнуваат и се враќаат во краток период. Физичкиот напор може да ги влоши.

Несоница. Несоницата е, исто така, поврзана со зголемениот ризик од срцев или мозочен удар, а почеста е кај жените. Несоницата често вклучува и високо ниво на анксиозност и отсутност.

Опис: Симптомите вклучуваат тешкотии со заспивањето, проблеми со одржувањето на сонот и будење рано наутро без аларм.

Краток здив. Краткиот здив е силно чувство дека не можете да вдишете длабоко. Често се јавува кај мажите и жените до шест месеци пред срцевиот удар.
Опис: Чувството е како да не можете да земете доволно воздух, се јавуваат и вртоглавици.

извор: плусинфо.мк

To top