Живот и Стил

Овие знаци делуваат бесчувствително додека не ги запознаете

Овие знаци делуваат бесчувствително додека не ги запознаете

Овие два знаци често знаат да остават впечаток дека се студени и бесчувствителни, се додека не ги запознаете подобро.

Јарец

Родените во овој знак делуваат студено и надмено. Оставаат впечаток дека се силна тврдина која никој не може да  ја пробие, но кога остануваат сами со себе, во состојба се да анализираат и плачат цела ноќ. Секако, тоа го прават само кога се сами.

Нивните чувства се силни и длабоки, бидејќи Јарците размислуваат премногу за нештата кои другите не ги ни забележуваат. Сепак, стравот од тоа да бидат повредени е тој што ги спречува да ја покажат својата емоционална страна. Попрво ќе ја исечат раката, отколку да покажат дека некого сакаат.

Сепак, нивната фасада можат да ја срушат само нивните блиски луѓе. Тие најдобро ги познаваат и знаат колку трпение треба со овие луѓе.

Лав

Единственото нешто со што Лавовите не можат да се изборат во животот е нивната суета, која ги спречува да се отворат и да ја покажат својата ранливост пред другите луѓе.

Никогаш нема да ги признаат грешките и работите од кои се срамат и ќе зборуваат само за нешта кои им одговараат ним, а тоа се нивните успеси. Овие луѓе се многу топли и внимателни личности, но само за оние кои им се најблиски.

To top