Живот и Стил

Овие здрави намирници треба да ги одбегнувате кога сте болни

Овие здрави намирници треба да ги одбегнувате кога сте болни

Кога се чувствувате лошо или сте настинати, постојано некој ве советува како да се излекувате и да ги намалите мачните симптоми.

Некоја храна кај болните лица може дури да ги засили симптомите и да го одложи лекувањето. Ова се намирниците кои треба да ги избегнувате кога здравјето ви е нарушено.

1.Кога сте настинати, имате грип или грозница

Избегнувајте:

Јаткасти плодови

Тие содржат хранливи материи како што се цинкот и витамин Е кои можат да ви помогнат да се изборите со одредена инфекција. Но подобро е да не ги јадете во почетната фаза на настинката, особено доколку стомакот ви е чувствителен, ова се плодови богати со масти, па на организмот ќе му треба повеќе време да ги свари, а со тоа да потроши и повеќе енергија која ви е потребна во борбата против болеста.

Брокула

Иако брокулата е богата со хранливи материја, содржи и голем број влакна кои тешко се варат. Во чувствителниот период се препорачува да јадете намирници кои имаат помалку влакна и кои полесно се варат.

2.При кашлица и воспаление на грлото

Избегнувајте:

Свеж зеленчук

Храната која е тврда или шилеста потешко се голта и предизвикува силна иритација.

Цитруси

Цитрусите за време на вакви симптоми може да биде меч со две острици. Од една страна, со нивен внес го зголемувате присуството на витамин Ц во организмот, како и количина на електролити како што е калиум. Од друга страна, нивото на киселост во цитрусите може дополнително да го иритира грлото.

3.Кога ве боли стомакот, имате дијареја или мачнина

Избегнувајте:

Млечни производи

Тие содржат лактоза, која желудникот ја обработува благодарение на стомачниот ензим кој се нарекува лактаза. Во случај на дијареја овој ензим може да потроши, па не е баш најдобра идеја да внесувате млечни производи бидејќи само ќе ви ги засили симптомите.

Житарки

Житарките имаат голема количина нерастворливи влакна, па може да пројдат низ цревата побрзо од останатите намирници, што не е добра идеја доколку имате ваков проблем. Истото важи и за кафениот ориз.

Грав

Шеќерите кои ги содржи гравот може да го иритираат стомакот и да ја поттикнат дијарејата.

извор:Курир.мк

To top