Доколку имате проблем со нискиот притисок туширањето секогаш завршувајте го со ладна вода. Резултатот ќе биде уште подобар доколку со сува четка ја масирате кожата во правец на срцето.
Ставете перница под глава
Кога ќе легнете во кревет ставете неколку перничиња под главата и под грбот за преодот од лежечка во седечка позиција да не биде премногу остар. На тој начин ќе ја избегнете вртоглавицата.
Туширањето завршете го со ладна вода
Наизменичното туширање со топла и ладна вода влијае на зацврстување на крвните садови. Поради брзите промени на температурата тие тогаш брзо се шират и собираат, па полесно се прилагодуваат на надворешните промени, на пример на спарното време. Туширањето секогаш завршете го со ладна вода. Резултатот ќе биде уште подобар доколку со сува четка ја масирате кожата во правец на срцето.
Јадете помалку и почесто
Крвниот притисок е најнизок во првиот час после оброкот. Тој паѓа затоа што на органите за варење им е потребно повеќе крв за да ја завршат својата функција. Ова влијание е послабо ако внесувате помали порции храна.
Избегнувајте алкохол
Алкохолот има повеќе негативни влијанија: го поттикнува исфрлувањето течности од организмот, ја попречува работата на центарот за рамнотежа во мозокот и ја забавува работата на срцето. Освен тоа, негативно влијае и на малите нервни продолжетоци кои се одговорни за собирање на крвните садови, поради што симптомите од пореметувањето на циркулацијата се влошуваат.
И соленото е дозволено
Кујнската сол ги врзува течностите во организмот, со што крвниот притисок благо се покачува. Пообилниот доручек и солените јадења, ќе придонесат подобро да се чувствувате.
Извор: Курир.мк