Ви претстои летување и стоите пред орманот размислувајќи што да понесете и како сето тоа да го спакувате.
Американската дизајнерка на „мобилни ормани” и патни торби, Лиза Адамс има неколку совети за брзо и практично пакување.
Пред се, организирајте се – околу тоа дали патувањето е само туристичко или и службено, погледнете ја временската прогноза, осмислете ги дневните комбинации и другите детали. Потоа…
1. Извадете ја сета облека!
Пакувајте се во просторија каде што ќе можете да ја распостелите цела Ваша облека за на одмор. Поголемата прегледност значи појасна замисла на секоја можна модна комбинација.
2. Наместо да ги редите – смотајте ги алиштата
Наместо редење на алиштата како што тоа го правиме во плакарот, подобро е да ги смотате во цилиндар. Така се добива многу повеќе искористен простор.
3. Козметика
Чантичката со козметика се пакува неколку дена пред патувањето, па користејќи ги на таков начин шминките, конецот за заби и кремите за нега, ќе дознаете дали нешто Ви недостасува.
4. Миризлива хартија
За куферот да Ви мириса свежо и по пристигнувањето, оставете парче украсна миризлива хартија (онаа којашто се става на дното на фиоките од плакарот) или ќесичка лаванда или еукалиптус.
извор: Курир.мк