За полесно да ги поднесеме високите температури многумина купуваат клима-уреди. Целта на вградувањетo на клима-уредите е во просториите да се обезбедат пријатни усллови за живот и работа, но иако помагаат, нивното користење може да има и негативни последици ако не се употребуваат правилно и и тоа како можат да му наштетат на нашето здравје. Со оглед на тоа дека допрва не очекуваат топлотни удари летово, вистинско време е да повториме некои од советите за користење на овие уреди за да не завршиме на доктор со некои од симптомите како хронично воспаление на синуси, силни глсвоболки и закочени мускули.
Еве некои основни правила за користење на клима-уредите.
1. Разликата меѓу надворешната и внатрешната температура не смее да биде преголема, односно не смее да биде поголема од 7 до 10 степени. Во спротивно, нашиот организам нема да може за кратко време да се прилагоди на промената на температураста и доаѓа до шок кој има негативно влијание врз здравјето. Освен тоа, долготрајното изложување на ладно влијае и на работата на метаболизмот. Циркулацијата се забавува, па и сите други активности во мускулите, жилите и нервите се одвиваат побавно.
2. Најздравиот начин на престојување во просторија која се разладува со клима-уред е прво да се излади просторијата, а потоа да се исклучи клима-уредот. При излегување на надворешна температура треба неколку минути да се привикнете без клима за полесно да го поднесете шокот. Посебно внимание треба дс обрнувате на најмладите, затоа што престојот во климатизирана просторија многу лесно може да предизвика воспаление на уво.
3. Одржувањето и чистењето на клима-уредите исто така е битно. Филтерот низ кој излегува изладениот воздух треба да се чисти барем еднаш годишно затоа што влажната и валкана површина е идеална за развој на штетни микроорганизми однкои некои можат да предизвикаат и воспаление на бели дробови. Во сезоната кога се користат клима-уредите препорачливо е да се дизенфицира уредот со соодветно средство.
4. Клима-уредот никогаш не смее да дува директно во вас. Исто така, уредот мора да го поставите така да ништо не го попречува протокот на воздухот. На правилната работа на вентилот може да му пречи и мебелот, па ако е потребно, разместете го мебелот за оптимална работа на клима-уредот.
5. Обрнете внимание на тоа колкава топлина влегува низ прозорецот во текот на денот за поекономично трошење на стријата. Тоа е битно затоа што ако клима-уредот „се бори“ со повеќе топол воздух, ќе троши повеќе струја. Во зависност од тоа колку е силно сонцето, отворајте ги и затворајте ги прозорците за да не пуштите премногу топлина во просториите.
Ако се придржувате до овие правила, ќе му ја олесните работата на клима-уредот и ќе му го продолжите векот на траење, а ќе потрошите помалку струја и секако, помалку пари.
извор:инивотивност.мк