Живот и Стил

Овие намирници помагаат при хормонален дисбаланс

Овие намирници помагаат при хормонален дисбаланс

Од денот на раѓањето, хормоните го диктираат нашиот апетит, начинот на спиење, како реагираме на стресот, нашето либидо, дали сме среќни или загрижени.

Хормоните кои најчесто први стануваат неурамнотежени се кортизолот и инсулинот – хормоните на „стресот“ и „шеќерот во крвта“. Тие се наречени „алфа хормони“ затоа што имаат стимулирачки ефект врз другите хормони – тироидната жлезда, јајниците и спиењето. Кога се надвор од рамнотежа, тие го попречуваат нормалното лачење на тироидните хормони, естроген, прогестерон, тестостерон и мелатонин.

Многу жени страдаат од хормонална нерамнотежа, што може да доведе до разни здравствени проблеми, од нарушувања на спиењето до проблеми со варењето. Првите симптоми се:

– тешки, болни или неправилни менструации
– губење на либидото
– несоница
– зголемување на телесната тежина без очигледна причина
– проблеми со кожата проблеми со плодноста
– главоболка

Ви носиме три намирници кои ќе ви помогнат да го регулирате вашиот хормонален дисбаланс.

Смокви

Помагаат за регулирање на хормоналните процеси, се препорачува редовно да се јадат за време на менопаузата. Можете да ги јадете свежи или суви, да ги додадете во житарки, смути или јогурт. Сепак, на дебелите луѓе им се препорачува да ги јадат само наутро и не повеќе од две овошки дневно.

Пивски квасец

Содржи цинк кој делува како природен регулатор на хормони, а исто така ја промовира синтезата на неколку хормони: тироидна жлезда, прогестерон и тестостерон. Можете да додадете пивски квасец во оброк, јогурт, салата, да го земате во прав или како додаток во таблети.

Босилек

Тоа е ефикасен „лек“ кој помага при хронични болести како што се дијабетес, метаболички синдром и стрес, кои директно влијаат на тироидната жлезда, јајниците и панкреасот и други органи. Најпознат и најефикасен е кога го земате во форма на чај, а можете да го додадете и како зачин во многу јадења.

извор:попара.мк

To top