Постојат намирници кои го поттикнуваат вашето добро расположение и ви ја чуваат насмевката. Веруваме дека на листата ќе пронајдете нешто што ви одговара, па веднаш испробајте го ефектот.
Зелен чај – има смирувачки ефект и го елиминира стресот. Дополнително го зајакнува имунитетот и го штити организмот од бројни болести.
Темно чоколадо – оваа намирница го подобрува расположението. Стручњаците препорачуваат дневно да консумирате од 30 до 50 гр чоколадо кое содржи минимално 60 отсто какао.
Чили пиперки – содржат големи количини капсаицин кој го поттикнува лачењето на ендорфин, хормонот на среќа.
Банани – содржат доста магнезиум кој е клучен за добро расположение.
Печурки – содржат витамин Д и селен кои го ублажуваат чувството на исцрпеност и анксиозност.
Лиснат зеленчук – спанаќ, блитва… – содржат големи количини фолна киселина која ја ублажува депресијата и ја подгинува енергијата.