Живот и Стил

Овие имиња се најчести во Србија, а многу ги има и во Македонија

Овие имиња се најчести во Србија, а многу ги има и во Македонија

Последниве години во Србија има сè повеќе девојчиња со имињата Ема, Уна, Ања, Теа и Ива, а пак, момчињата носат имиња на апостоли и светци, но и Стефан, Лазар, Филип и Вук, јави Танјуг.

Според српскиот Републички завод за статистика, омилено машко име во земјата е Лука, а потоа следат Стефан, Лазар, Филип, Вук и Никола.

Најголемиот број од девојчињата пак, родени лани ширум земјата, го носат името Софија, па следат Дуња, Сара, Теодора, Милица и Николина. Софија, инаку, е и најпопуларното име за девојчиња во светски рамки.

Името Лука е омилено машко име и во Хрватска, а во Словенија е меѓу 10-те најбарани, пишува белградска „Политика”.

извор: Курир.мк

To top