Можеби љубовта на прв поглед ќе ве привлече, но големи се шансите дека врската на овие хороскопски знаци нема да трае долго време, а нема ни среќно да заврши.
Јарец и Стрелец
Овие два знака се сосема различни. Лицата родени во знакот Јарец многу лесно се разочаруваат и иако говорат дека љубовта не е најважната работа, нивната смисла е да пронајдат своја сродна душа.
Лав и Риби
Лавовите сакаат целосно да се предадат на својот партнер. Не поднесуваат зајадување и песимизам, па, затоа од врската со Риби би можеле да излезат само разочарани и исфрустрирани.
Водолија и Бик
Водолијата е знак кој секогаш тежнее кон својата слобода и растеретеност. Токму затоа, лицето кое е родено во знак на Бик е најлош можен избор за Водолијата, бидејќи Биковите бараат стабилност и постојана поврзаност.
Вага и Шкорпија
Вагата бара љубов на долги патеки, преданост, мир и верност. Шкорпијата не може да обезбеди ништо од тоа, бидејќи е исклучително песимистички настроена, мрзлива и нечуствителна.
Овен и Девица
Личностите родени во знак Овен се многу едноставни, неоптоварени и не сакаат дискусии за љубовните проблеми. Затоа девицата е лош избор на партнер на Овенот поради постојаната потреба за грижа и својата комплицираност.
Бик и Близнаци
И покрај тоа што Биковите се одличен материјал за врска и многу се толерантни, ниту тие не можат да трпат секого. Близнаците тешко тешко се скрасуваат и смируваат, а еден знак како Бикот може само да го доведе до лудило.
Рак и Стрелец
Раковите се вистински емотивци и бараат вистинска љубов, која, за жал, не можат да ја најдат во Стрелецот. На ракот му е потребен некој кој ќе се потруди околу него и ќе му покаже вистински емоции и љубов.