Живот и Стил

Овие 5 работи му се случуваат на вашиот организам кога внесувате премногу солена храна

Овие 5 работи му се случуваат на вашиот организам кога внесувате премногу солена храна

Солта е неизоставен зачин кој ѝ дава на храната подобар вкус, но нејзиниот претеран внес може да има катастрофално влијание по здравјето.

Експертите препорачуваат внес од 1500 до 2400 милиграми сол дневно. Најлошо е ако солта во најголема мера ја внесувате преку процесирана храна бидејќи тоа дополнително го зголемува ризикот од здравствени проблеми, со оглед на тоа што таквата храна содржи многу малку нутриенти и многу калории.

Еве што може да се случи во вашиот организам ако внесувате премногу сол:

Проблеми со бубрезите

Исхраната со висок удел на натриум го зголемува ризикот од создавање бубрежни каменчиња бидејќи ја зголемува количината на калциум во урината, што е клучен фактор за нивно создавање. Колку повеќе сол, толку повеќе телото задржува вода, обидувајќи се да го растопи натриумот и доаѓа до зголемување на крвниот притисок. Тоа може да предизвика проблеми со работата на бубрезите бидејќи, како што се зголемува притисокот поради вишокот сол, се зголемува и притисокот на артериите кои одат до бубрезите.

Зголемен крвен притисок

Зголемениот крвен притисок се случува затоа што солта поттикнува задржување на вода, што го тера срцето да работи побрзо, при што се создава голем напор и притисок на органите. Ваквата работа може да доведе до срцеви болести, мозочен удар, деменција, кардиоваскуларни болести и други сериозни проблеми.

Надуеност

Една вечер внес на премногу сол веројатно нема да предизвика силна надуеност, но со текот на времето, задржувањето на водата предизвикано од исхрана богата со сол сигурно ќе резултира со хронична надуеност.

Послаби когнитивни функции

Чувството на тромавост и недоволна концентрација е обично знак за воспаленија предизвикани од премногу сол. Исто така, луѓето кои внесуваат премногу сол обично не пијат доволно вода, а дехидратацијата може да биде причина за бројни когнитивни нарушувања.

Остеопороза

Со мокрењето, телото губи калциум, а со зголемениот внес на сол губите повеќе калциум бидејќи повеќе мокрите. Кога во крвта нема доволно од овој минерал, организмот го „влече“ калциумот од коските што може да доведе до остеопороза.

извор: точка.мк

To top