Живот и Стил

Овие 5 чаеви се подобри од еден час фитнес

Овие 5 чаеви се подобри од еден час фитнес

За хидратација, забрзување на метаболизмот и поубава кожа најдобро е да пиете обична вода и незасладени чаеви.

Покрај тоа, со помош на чаеви можете да изгубите на тежина, а овие чаеви имаат посилно делување на организмот отколку еден час поминат во сала за вежбање.

Зелен чај

Овој чај е еден од најпопуларните чаеви кога станува збор за здравјето и губењето на тежината. Екстракт од зелен чај е богат со катехини, природни антиоксиданти кои го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат горењето на маснотиите, особено во пределот на стомакот.

Бел чај

Бел чај е направен од малку обработени, внимателно одбрани млади растенија. Неговиот благ, сладок вкус е сосема поразличен од другите чаеви. Белиот чај го зајакнува имунитетот и помага при борба против рак.

Црн чај

Богат е со антиоксиданси, го стимулира производството на масните киселини и го забрзува метаболизмот.

Чај од маточина

Чај од маточина е познат по својот смирувачки ефект, помага при стрес и позитивно делува на здравјето на кожата и косата. Исто така, изобилува со антиоксиданси кои ја чистат крвта, го детоксицираат телото и го регулираат производството на хормоните.

Чај од цимет

Чај од овој миризлив зачин го регулира нивото на шечерот во крвта, поради што ќе внесувате помалку калории. Циметот ги согорува масните клетки, а во комбинација со мед го спречува складирањето на масното ткиво.

To top