Живот и Стил

Оваа зима сè е сино – комбинации во бојата на годината

Оваа зима сè е сино – комбинации во бојата на годината

Неодамна институтот Пантон ја прогласи „класичната сина” за боја на 2020 година.

Тоа ни беше почетна инспирација да ја пребаруваме актуелната улична мода низ светските метрополи и да ги селектираме оние највпечатливи изданија што ја вклучуваат класичната сина во својата комбинација.

Наидовме на бројни, стилски различни верзии во кои единствено заедничко е бојата на годината. Па, според тоа веруваме дека ќе го препознаете и вашиот фаворит меѓу предлозите.

Една опција е да направите спој меѓу класичната сина и друга интензивна боја (зелена, црвена, портокалова…) со што би постигнале впечатлив колоритен ефект. Друга варијанта пак е, да направите еднобојна комбинација во сино, каде ќе ставите акцент на раличните текстури, материјали и кроеви со цел да постигнете слоевитост.

Уште неколку инспиративни идеи следуваат во галеријата во продолжение.

извор: точка.мк

To top