Американка од Флорида била уапсена, откако со пушка го застрелала својот партнер за време на кавга поради неговото гласно `рчење.
Кога полицијата пристигнала во домот на 47-годишната Лори Морин, таа тврдела дека случајно испалила од пушката и го повредила својот партнер. Но, со истрагата било утврдено дека жената намерно пукала во него поради прегласното `рчење.
Мажот со кој Лори била три недели во врска, по жестоката кавга отишол во тоалетот, а по него влегла Лори со пушката и го застрелала.
Тој со прострелна рана бил однесен во болница , од каде велат дека е во стабилна состојба. Жената е обвинета за обид за убиство и се наоѓа во притвор.
извор:курир.мк