Радио Милева (не) знае кој и е татко?

Оваа жена е мајката на познатата босанска старлета: Маца – Дискреција е вонбрачно дете на познат пејач (ФОТО)

Оваа жена е мајката на познатата босанска старлета: Маца – Дискреција е вонбрачно дете на познат пејач (ФОТО)

Старлетата и поранешна ријалити учесничка  Сенада Нуркиќ, во јавноста попозната како Маца – Дискреција, со години го привлекува вниманието со скандалите, аферите и негативниот пример кој им го дава на младите девојки.

 

Јавноста првпат слушна за неа во 2015 година во реалното шоу „Парови“. Додека учествуваше во истоименото шоу, скандалите и беа нејзиното второ име. По две сезони во реалното шоу „Парови“, следуваше ријалити програмата „Задруга“ во која сакаше да претстави подобра верзија од себе, а во еден момент дури тоа и и’ успеа. Во реалното шоу немаше интимни врски, а со својата „чесност“ се пласираше во финалето.

Често можевме да слушнеме приказни за тоа како Маца со години не била во добри односи со нејзината мајка, а потоа во една прилика, за време на престојот на Маца на „Задруга“, се огласи нејзината мајка Енеса Нуркиќ и ѝ го честиташе роденденот тој ден.

Познато е дека Маца никогаш не го запознала својот татко, кој бил оженет во времето кога нејзината мајка останала со него бремена, па Енеса раскажала повеќе детали од таа приказна.

„Никогаш не криев кој е нејзиниот татко од неа. Таа беше полнолетна. Не барав да ја признае, тој беше женет, не сакав да растурам ничиј брак. Тогаш немав искуство да се заштитам, се породив на 20 години, па Маца родена  е 1971 година. Во тоа време нејзиниот биолошки тако веќе имаше четиригодишна ќерка. Ми даде пари да абортирам, но јас не сакав. Не е тој виновен, јас сум виновна што не прашав. Таа е плод на невозвратена љубов и реков: сама ќе ја преземам одговорноста, макар и да спијам на улица. И навистина отпрвин не ми дозволија да ја донесам дома. Но, само неколку дена подоцна очувот и мајка ми ме примија. И направив се’ што можев за да има се’ што сака“ – објаснува госпоѓа Нуркиќ.

 

Маца рекла и дека го барала татко и и дека не можела да го најде, но тоа, како што тврди нејзината мајка, не е точно, бидејќи знаела каде тој живее.

„Рече дека не знае кој и е татко и дека го бара, но знае се’! Кога беше доволно возрасна и реков да оди да се запознае со него. Нејзиниот татко беше пејач, тој беше богат и таа се заинтересира за него заради тоа што го поседува. Но, таа сепак не отиде да го запознае, иако можеше“ – открива Енеса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @maca_diskrecija_star

Фото: Јутјуб принтскрин/ Инстаграм принтскрин/maca_diskrecija_star

 

To top