Живот и Стил

Оваа земја од Балканот е меѓу трите најдобри дестинации во светот за 2021 година

Оваа земја од Балканот е меѓу трите најдобри дестинации во светот за 2021 година

Престижниот светски магазин ја смести Хрватска меѓу трите најдобри дестинации во светот.

Читателите на британското издание на магазинот „National Geographic Traveller“ ја сместија Хрватска меѓу трите најдобри земји во категоријата најдобри блиски дестинации во 2021 година.

Во наведената категорија за најдобра дестинација била прогласена Италија, додека покрај Хрватска финалист во оваа категорија била и Грција.

Награди се доделени и во категоријата најдобар град, во која победник е Барселона, а финалисти биле и Амстердам и Њујорк.

Во категоријата најдобра далечна дестинација победила Јапонија, а ја следеле Нов Зеланд и САД.

Станува збор за листа најдобри дестинации според туроператор, авиокомпанија и доживување кои настанале според потесен избор на читателите на овој престижен магазин.

извор: точка.мк

To top