Антибиотик супа идеална во зимските студени денови.
Потребни состојки:
1 главица лук, 1 главица кромид, 1-2 коцки за супа, вода по потреба, 1 лажица брашно, 100 мл бело вино, 200 мл кисела павлака, сол, маслиново масло и 3 парчиња тост леб.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
-Ставете коцка супа во вода, направете бујон. Исечкајте ситно кромид, па испржете со маслиново масло. Изгмечете лук. Пропржете го со кромидот, па додајте брашно. Додајте бело вино, а потоа ставете и бујон.
Гответе 15-20 минути, потоа иситнете го зеленчукот со мискер. Додајте павлака, па посолете и побиберете.
Потоа додајте коцки леб во супата и послужете.
Извор: Курир.мк