Поранешната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, младата музичка ѕвезда Џејла Рамовиќ, призна дека отсекогаш тежнеела да стане пејачка, но дека попатно открила и други интереси.
Како што вели, да не беше пејачка, веројатно ќе беше модел.
– Можно е тоа да биде манекенство, најмногу некои слики, камери, тоа ми се допаѓа. Никогаш не размислував за тоа така, секогаш беше музика, микрофон и сцена, но со текот на времето сфатив дека сакам се што е тесно поврзано со тоа – откри Џејла, која веќе стана амбасадорка на одредени модни брендови.
Со оглед на убавината со која плени, на изјавата дека би била идеална како модел, Џејла одговорила со насмевка.
– Точно, но не знам. За мене фокусот е на музиката, без разлика колку ги сакам камерите и позирањето. Секогаш се одлучувам за настапи и музика, тоа е мојата најголема љубов. Навистина уживам во мојата работа и богатство е кога го работиш она што најмногу го сакаш на светот – изјавила Џејла Рамовиќ, пренесува Гранд.
Фото: printskrin/instagram/dzejlaramovic