Загрејте ја рерната на 180 степени. Спанаќот, празот и младиот кромид исечкајте ги ситно. Измешајте сè и додадете магдонос, копар, презла и масло, а потоа издробете го кравјото сирење. Добро комбинирајте. Истурете го маслото во тавата и ставете три кори.
Потребно е:
400 g кора за пита
350 g кравјо сирење
300 гр спанаќ
2 млади кромидчиња
1 лажица магдонос
1 лажица копар
1 праз
2 лажици презла
4 супени лажици маслиново масло
За премачкување:
1 јајце
масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Спанаќот, празот и младиот кромид исечкајте ги ситно. Измешајте сè и додадете магдонос, копар, презла и масло, а потоа издробете го кравјото сирење. Добро комбинирајте. Истурете го маслото во тавата и ставете три кори. Потоа попрскајте ги со масло и ставете го филот, па повторно испрскајте со масло и додајте го филот. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Како последен слој ставете три кори кои ќе ги премачкате со масло и изматено јајце. Спанакопитата се пече околу 40 минути во рерна загреана на 180 степени.
Извор: Курир