Многумина се прашуваат: Дали станува збор за мир и совршена тишина кои што ги нуди или пак само за престиж?
Спијте мирно и како бебе – во вистинска пештера. Хотелот „Коза Кјев“ е еколошки хотел од 10 спални соби во срцето на Кападокија во Турција.
Десетте соби се наместени луксузно, со брачни кревети, туш кабини и сауни кои што нудат вистински одмор од вревата.
Секоја соба има бесплатен интернет, влечки, вода за чај или пак кафе.
Некои од собите имаат и камини, како и приватни тераси.
Ова е вистинско „прибежиште“ за луѓето кои што сакаат мир во својот живот. Овој хотел е исклучително мирен и спокоен, а нуди сè што му е потребно на човекот.
Погледнете ги фотографиите:
извор:точка.ком.мк