Пејачката Индира Радиќ своевремено изјави дека била на списокот на љубовници на Саша Поповиќ.
Индира потоа ги откри деталите од соочувањето со Сузана Јовановиќ, сопругата на Поповиќ, а како што истакна, за малку ќе пропаднела во земја од срам.
„Во времето кога Саша беше веќе пет-шест месеци во брак со Сузана, јас и таа се запознавме на еден авионски лет. Го отвораме весникот кога внатре што ќе има – список на љубовници на Сале и моето име меѓу нив. Боже, колку бев засрамена. Тогаш и велам на Сузана: „Ти живееш со Саша. Тој веројатно ти кажал некои работи за себе, а сигурно си го прашала и за мене. Верувам дека не те излажал, туку дека ти кажал дека ние никогаш не сме се забавувала. Тогаш Сузана ми вели многу искрено: „Знам, Индира, сето тоа, но не ме интересира. Важно ми е што јас од сите наведени успеав да му бидам сопруга!“ – открила Индира во 90-тите, која тогаш ги открила сите детали од врската со Поповиќ.
„Саша е маж кој и дава комплименти на секоја жена и тоа е многу убаво бидејќи прави жената да се чувствува пожелно. На самиот почеток на нашата соработка разјаснивме некои работи. Рековме – ние сме заинтересирани за бизнисот затоа што сите ќе профитираме од него. Договорот беше постигнат. Освен работа – ништо повеќе! Така ја дефиниравме нашата врска лице в лице. Саша никогаш не бил напорен, секогаш ми велеше: „Индира, убаво изгледаш!“ Кога и да дојдам, тој ми вели: „Индира, изгледаш совршено! Така се однесува, не само кон мене, туку кон сите колешки. Имам голема почит кон Сале, но морам да кажам дека јас и Саша Поповиќ немавме ништо друго освен пријателски и деловен однос. Еднаш на шега ми кажа нешто што сега ќе го повторам бидејќи знам дека нема да се налути: „Индира, ти направив одличен албум, а не те ни допрев“ – рекла тогаш Индира Радиќ, пренесе неодамна „Република“.
Фото: Инстаграм/suzanapopovic69/indiraradicofficia