Живот и Стил

Оваа модна комбинација е полн погодок: Вака облечена, секоја дама изгледа витко и женствено

Оваа модна комбинација е полн погодок: Вака облечена, секоја дама изгледа витко и женствено

Пејачката Ешли Робертс нѝ даде одличен предлог за следниот стајлинг.

Денеска ви претставуваме идеална модна комбинација која изгледа апсолутно шик и која ги сокрива вишокот килограми. Ваквите кроеви стануваат сѐ попопуларни, а комбинацијата на длабоко здолниште и пократок топ изгледа многу моќно. Освен што се во тренд, овие парчиња визуелно создаваат фигура на песочен часовник.

Ваквото здолниште, поради подлабокиот крој, ги сокрива сите недостатоци на струкот, а облините доаѓаат до израз. Токму затоа, вака облечена секоја дама изгледа женствено и послабо.

Поради дезенот, целата комбинација изгледа поинтересно, а од друга страна тој е доволно суптилен и нема да направи фигурата да изгледа покрупно. Без дилема, овој стајлинг вреди да се ископира.

Доколку не сакате да го истакнувате стомакот, можете да облечете само црна маица одоздола и пак ќе изгледате одлично.

извор:точка.ком.мк