Живот и Стил

Оваа есен ставете темно црвена нијанса на кармин

Оваа есен ставете темно црвена нијанса на кармин

Кога е шминката во прашање, постои една работа која никогаш нема да излезе од мода секогаш ќе биде синоним за женственост, отменост и сексапил – а тоа е црвениот кармин.

Црвените нијанси на кармин се дефинитивно едни од омилените во секоја сезона, а истото е случај и оваа есен.

Жените може да се поделат во три категории: оние кои сакаат црвен кармин, оние кои го мразат и оние кои не знаат како да го носат. Црвената боја е специфична. Ако се користи погрешно може да ги истакне сите несовршености.

фото:инсатргам

Овој пат, наместо јаката црвена боја ве советуваме за малку похрабра варијанта, а тоа се темно црвени нијанси со што се добива еден драматичен, женствен и посебен изглед.

Ова е секако погламурозна варијанта од црвениот кармин, а одличен е бидејќи лесно се прилагодува на секаков тен и е совршен во секоја комбинација.

Идеален е во моментите кога сакате да носите едноставен црн или бел фустан и сакате со нешто да го истакнете изгледот, а сепак да не биде премногу.

To top