Вистаграм

Оваа боја ќе биде многу популарна во сезоната пролет/лето 2021

Оваа боја ќе биде многу популарна во сезоната пролет/лето 2021

Сончевата нијанса е идеална за подобрување на расположението, жива е и оптимистична и навистина би било убаво да ја гледате почесто. Но, сигурно веќе се прашувате како да ја комбинирате оваа боја. Таа не е позната по својата елеганција, ниту често се комбинира со модни парчиња и ќе ви треба малку време за да ги усовршите комбинациите. Сепак, нијансите на лимон и банана ќе бидат многу популарни оваа сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chainky (@chainkyr)

Како што велат инфлуенсерките, клучот е во комбинациите со светли парчиња облека, во бела, кремова или боја на лаванда. Најдобрата идеја е да започнете со детали, како сандали или кожена чанта, а кога ќе стекнете самодоверба, преминете на поголеми парчиња, но бидете внимателни, одбирајте чисто жолти, а принтовите оставете ги за понатаму.

Оваа боја нè потсетува на одмор, на уживање во сонцето и на леснотијата во животот. Всушност, жолтата е на некој начин симбол на надежта, а во овој момент, тоа ни е многу потребно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ali Tate (@ali_tate_cutler)

извор: Кафепауза

To top