Велат дека фотографијата вреди повеќе од 1.000 зборови, во случајов 250 долари.
Семејството Зарин стапи во контакт со средовечна жена, која се претставила како професионален фотограф за да направи фотографија од нив во природа.
На нејзин “професионален“ начин, таа ги однесе во паркот Сент Луис и им наплати 250 долари. Конечната верзија на семејната идила во шумата чекаше осум месеци, бидејќи, како што им објасни жената, потребно е време колку што трае пост-продукцијата.
Верувајте ни дека вреди секој долар и денот на чекање.
Како резултат семејството доби бизарно иронизирана фотографија со нацртани очи, уши и уста. Кога станува збор за фотошоп, ова е ново ниво на уредување на фотографии.
Сигурни сме дека оваа фотографија нема да се најде во семејниот албум или во рамка.
извор: Курир.мк