Сепак, доколку се користи еднаш неделно по една лажица семки од сусам, организмот ќе се збогати со антиоксиданти и фитоестрогени, а ќе се нормализира и метаболизмот како и холестеролот.
Доколку имате проблеми со зголемено ниво на холестерол, се препорачува да јадете риба, јаткасти плодови, грав и зеленчук, каков што е на пример доматот.
Покрај тоа, во исхраната може да вклучите и сусам којшто содржи фитостероли кои имаат слична хемиска структура каква што има и холестеролот.
Семето од сусам е одличен извор на железо, магнезиум, цинк, бакар, фосфор и растителни влакна, а содржи седум пати повеќе калциум од млекото.
„Се смета дека редовното консумирање сусам може да влијае на намалување на вредноста на холестеролот“.
Меѓутоа, нутриционистите сметаат дека не е препорачливо овие семки да се јадат секојдневно поради тоа што тие содржат супстанции кои можат да влијаат на згрутчување на крвта.
Сепак, доколку се користи еднаш неделно, по една лажица семки од сусам, организмот ќе се збогати со антиоксиданти и фитоестрогени, а ќе го нормализирате вашиот метаболизам и холестерол.
извор:точка.ком.мк