Дали ви е тешко да го замислите почетокот на денот без шолја топло кафе? Без грижа, не сте единствени! Постои цела армија на луѓе кои наутро, веднаш штом ќе се разбудат, прво земаат шолја кафе во рака.
Иако кафето има и бројни здравствени придобивки, нутриционистите откриваат зошто овој омилен напиток на многумина во никој случај не смеете да го пиете на празен желудник.
Утринското кафе има лоши нуспојави
Супстанците кои ги содржи кафето поттикнуваат производство на желудочна киселина, слично како кај никотинот и алкохолот.
“Кафето ја “напаѓа” слузницата на желудникот, а како последица на тоа може да се јави жиговина и проблеми со дигестијата. Освен тоа, кафето најпрвин го подигнува притисокот, а потоа го “соборува” бидејќи предизвикува дехидратација. Затоа е многу важно пред кафето да испиете една чаша вода, особено наутро кога организмот е и онака дехидриран. Затоа, кога ќе станете, прво испијте три децилитри вода, а потоа испијте го и кафето”, советува нутриционистката Бранка Митровиќ.
Исто така, иако постои верување дека утринското кафе го буди организот, американските научници откриле дека кафето воопшто не делува на тој начин бидејќи нивото на кортизол во човечкото тело наутро и онака е доволно високо. Имено, откако ќе се разбудиме, организмот почнува да лачи кортизол (хормон на стрес) кој поттикнува размена на материи и со тоа природно нè расонува. Дополнителниот кофеин во кафето всушност ќе го намали делувањето, односно ќе се погрижи за тоа на кортизолот да му биде потребно повеќе време за да се врати во нормала.
Доколку сепак не сакате да се откажете од утринското кафе, консумирајте го со малку млеко, а пред тоа изедете мал оброк (или барем парче леб или мусли). Со тоа ќе можете безгрижно да уживате во кафето без страв од несакани нуспојави.
извор: точка.мк