Живот и Стил

Ова се најдобрите пет европски плажи

Ова се најдобрите пет европски плажи

Британскиот портал „Money“ анализирал над 26 милиони хаштагови на Инстаграм, поврзани со плажите ширум светот, а податоците биле собрани во април оваа година за да се добијат најнови резултати.

Ова е листата од 5 најдобри плажи кои ги избрале корисниците на социјалните мрежи:

Тропеа, Италија

Тропеа е класично италијанско одморалиште пореполно со шарм, кое се наоѓа на Тиренското море. Оваа плажа уште ја нарекуваат и „Costa degli Dei“ односно Брег на боговите, што ја прави омилена дестинација кај туристите и локалното население. Додека им се препуштате на магиите на плажата и сонцето, опкружени сте со драматични карпи кои гледаат кон историскиот центар на градот со епски крајолик.

Навајо, Грција

Овој магичен дел од малото крајбрежје е познат и како плажа на бродоломите, а благодарение на еден насукан брод и добрата промоција, Навајо е една од најпознатите плажи на светот. Белиот песок, остатоците од бродот и карпите кои ја опкружуваат плажата создаваат незаборавна глетка.

Праја до Камило, Португалија

Праја до Камило е можеби и една од најпознатите плажи во Португалија. Златниот песок, кристално чистата и азурна вода се вистинска прилика за сите туристи кои сакаат нешто поинакво. Морето е прилично плитко, исклучително чисто и водата не е студена.

Кала Саона, Шпанија

Кала Саона е плажа која на туристите им нуди прилика да се сончаат и капат сè до 21 часот, кога сонцето започнува да се „одјавува“. Тука се најубави зајдисонцата, барем така велат, бидејќи сонцето и морето тогаш добиваат илјада нијанси.

Маргејт Бич, Англија

Ако треба да опишете традиционално британско летувалиште, плажата Маргејт е токму тоа. Оваа плажа е речиси безвременска, а особено се атрактивни штандовите со морски плодови, бројните ресторани и баровите сместени на самиот брег.

 

i

извор: точка.мк

To top