Дебелите веѓи се апсолутно убави, но им треба дополнително внимание за да изгледаат најдобро
Некои одлучуваат целосно да се ослободат од дебелината, додека други се борат да најдат начин да ја задржат под контрола.
Веѓите се многу важни, и тоа не само за убавината. Тие се тука за да ги одржуваат вашите очи чисти и бистри. Тие ја отстрануваат влагата од потта од линијата на очите и на тој начин ни помагаат да гледаме подобро.
Научниците открија дека обликот, бојата и дебелината на веѓите се наследни особини. Четири одделни гени влијаат на текстурата на влакната на веѓите, додека само еден го одредува обликот на веѓите.
Начинот на кој ќе ги обликувате веѓите целосно зависи од вас, но ако имате дебели веѓи и барате совети како да ги одржувате негувани, прочитајте ги овие три совети.
Гел за веѓи
Овој козметички производ ќе ги зајакне вашите веѓи, давајќи им елегантен изглед. Обично доаѓа во туба со четка што изгледа како онаа за маскара.
– Геловите за веѓи имаат сува конзистентност. Ова спречува веѓите да изгледаат влажно или лизгаво – вели козметичарката Ема Доерти и препорачува нежно да ги чешлате нагоре.
Потсекување, четкање на веѓите
Ема предлага да се користат мали ножички за нокти.
„Држете го надворешниот раб на сечилото директно на кожата за да спречите случајни исеченици“, вели таа.
Ако не сте сигурни како да го направите ова, најдобро е да им оставите на професионалците.
Направете ја рутината што е можно поедноставна
Секој барем еднаш во животот си ги уништил веѓите поради амбициозно експериментирање. Многу е едноставно, ако не сте сигурни, не правете нешто што не знаете.
извор:попара.мк