Пејачката Цеца Ражнатовиќ е на местото на Јелена Карлеуша во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Во последната емисија на музичкото шоу, Цеца за првпат ја спомна Карлеуша со која со години не е во добри односи.
Имено, по настапот на Шејла Хајдур, Цеца праша дали тоа е кандидатката која во претходниот круг пееше песна од Јелена Карлеуша.
Членовите на жирито се изненадија што Цеца ја спомна својата непријателка, а посебно се збуни Ѓорѓе Давид.
-Се извинувам, дали тоа е Шејла која пееше песна од Карлеуша?, праша Цеца, а Марија Шерифовиќ даде позитивен одговор.
-Да, кратко одговори пејачката.
Кандидатката доби четири гласа од кој еден беше од Ражантовиќ.
За потсетување, Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи сака да се посвети на промоција и издавање на нејзиниот нов албум.
Таа не го коментираше доаѓањето на Ражнатовиќ во музичкото шоу.
фото: ана паунковиќ/дамир дервишагиќ