Живот и Стил

Ова ќе биде најпопуларната женска фризура за 2020 година

Ова ќе биде најпопуларната женска фризура за 2020 година

Со години наназад, боб е најпопуларната фризура. Дали поради својата интересна форма, поради можноста за промена и едноставното стилизирање или поради тоа што речиси и да нема жена на која боб фризурата не ѝ одговара, експертите велат дека оваа фризура ќе биде најпопуларна и во 2020 година.

Оваа фризура им одговара на сите, а единствената разлика е варијантата на боб за која ќе се одлучите. Во зависност од формата на лицето и од квалитетот на вашата коса, изберете помеѓу рамно или степенесто стрижена коса, како и должина што најмногу ви одговара.

Најпопуларна фризура оваа година ќе биде „поб“ што е кратенка добиена од пони боб. Пони боб е популарна боб фризура, односно нејзина варијанта со шишки. Станува збор за фризура која ќе ве подмлади, но истовремено ќе му даде и гламур на вашиот изглед.

Ако сте имале кратка и рамна боб фризура, пони боб е совршен начин да го промените вашиот изглед. Прамените кои слободно паѓаат на челото ѝ даваат посебен шарм на оваа фризура, а со тоа косата визуелно ќе добие волумен.

извор:кафепауза.мк

To top