Сите нарачуваме чаша вода или газиран сок со парче лимон кога пиеме кафе. Едно истражување покажало дека во тие пијалоци има најмногу бактерии.
Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон во 21 ресторан и откриле дека 70 отсто, односно 53 парчиња се заразени со бактерии.
Ова истражување не е сеопфатно. Сепак, сами може да воочите дека парчето лимон кое го добивате во чаша, веќе е однапред пресечено. Лимонот го чуваат во пластични садови на собна температура, што е идеално за бактериите.
Изворот на овие бактерии не е познат, но се испоставило дека тие не можат да преживеат и се размножуваат во наведените пијалоци.
Треба да бидете внимателни кога нарачувате пијалок во рестораните и кафулињата. Би било добро да избегнувате чаша вода или газиран сок со парче лимон, за да го избегнете ризикот од контакт со бактерии.
извор:точка.ком.мк