Познатата пејачка Зорица Брунцлик од бракот со Љуба Кешељ ја има ќерката Миљана.
Ќерката на пејачката вчера (02.11.2021) заплови во брачните води и го кажа судбоносното „да“ на својот избраник.
Имено, Миљана пред две години стапи во граѓански брак со сопругот, а сега се случи и црковната церемонија.
Меѓу гостите беше и сестрата на Миљана, Злата која пејачката ја доби од бракот со Кемиш, како и братот на младата, Ѓорѓе Тутиќ, синот кој Зорица го доби од бракот со Зоран Тутиќ.
Највесела била Зорица која заиграла оро пред портата и била пресреќна бидејќи ја мажи ќерката .
Инаку, Миљана зад себе има еден пропаднат брак, а од него има ќерка.
фото: инстаграм